4U PHARMA Babytol Coli Капки против грчеви, 2 х 10 мл

4u Pharma Babytol Coli
4U PHARMA Babytol Coli Капки против грчеви, 2 х 10 мл
855,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
053142C
favorite_border

Опис на производот

Капки за орална употреба кои содржат култури на добри бактерии - Lactobacillus reuteri и ензим лактаза, којшто се додаваат во мајчиното млеко или млечната формула, и се наменети за дигестивниот тракт кај доенчиња и новороденчиња уште од самото раѓање.

Пакување: 2 шишенца по 10 мл

Содржина

Состав:

  • Активни состојки во вијала со лактаза:
Состав активни компоненти 1 доза (5 капки) %NRV
Ензим лактаза (65.000 ALU/g) 774 ALU /

*NRV - нутритивна референтна вредност

Состојки: триглицериди со среден ланец од кокосово масло, ензим лактаза.

  • Активни состојки во вијала со култура на корисни микроорганзими:
Состав активни компоненти 1 доза (5 капки) %NRV
Култура на корисни микроорганизми Lactobacillus reuteri

17x106  CFU

/

*NRV - нутритивна референтна вредност

Состојки: триглицериди со среден ланец од кокосово масло, култура на корисни микроорганизми Lactobacillus reuteri.

Употреба:

Новороденчиња и доенчиња: капките се додаваат во мајчиното млеко или млечната формула, секој пат пред хранење на новороденчето/бебето и можат да се користат од првиот ден на раѓање или по препорака на педијатар.

  • Кај доење: во претходно стерилизирана лажица, одмерете со капалката по 5 капки од двете вијали, дајте му на бебето да ги испие и потоа продолжете со доењето. Повторете ја постапката пред секој подој/оброк.
  • Кај млечни формули: во претходно подготвена млечна формула на соодветна температура за исхрана на детето, во шишето со формулата додајте 5 капки од двете вијали, одмерени со капалката, и дајте му на бебето да го испие. Не додавајте во млечна формула која е жешка или ладна, туку на онаа температура која е соодветна за хранење на детето. Повторете ја постапката пред секој оброк. Приготвената формула која детето нема да ја испие не ја употребувајте подоцна туку задолжително фрлете ја.

Предупредување:

Препорачаната дневна доза не смее да се прекорачува. Производот не е наменет за новороденчиња кои се преосетливи на било која состојка од производот.

Доколку бебето користи антибиотик, производот да се дава 2 саати пред или 2 саати после давањето на антибиотик.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се