BAYER Аспирин Протект 100 мг, 56 таблети

BAYER Аспирин Протект 100 мг, 56 таблети
199,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
048654C
favorite_border

Опис на производот

Аспирин протект 100 мг содржи ацетилсалицилна киселина, која го спречува прилепувањето и згрутчувањето на крвните плочки (тромбоцити) со цел да превенира создавање на крвни грутки.

Аспирин протект 100 мг таблети се употребуваат кај возрасни за:

  • Намалување на ризикот за смртност кај пациенти со сомнение за акутен инфаркт на срцето
  • За намалување на ризикот од заболувања и смртност кај болни кои преживеале инфаркт на срцето
  • Секундарна превенција од мозочен удар
  • Намалување на ризикот за транзиторни исхемични цереброваскуларни напади (TIA)
  • Намалување на ризикот за заболување и смртност кај болни со стабилна и нестабилна ангина пекторис (срцево заболување со карактеристична спазматичтна, контрактивна болка во градите)
  • Превенција на опструкција на циркулацијата поради крвни грутки (тромбоемболија) после одредени васкуларни операции
  • Намалување на ризикот за прв акутен инфаркт на срцето кај луѓе со кардиоваскуларни ризик фактори (како на пр. шеќерна болест, хиперлипидемија, хипертензија, дебелина, пушење, старост)

Забелешка: Производот не е индициран за намалување на болка.

Пакување: 56 таблети

Содржина

Пред да земете Аспирин протект 100 мг разговарајте со вашиот лекар или фармацевт.

Ве молиме консултирајте го вашиот доктор или фармацевт пред да го земете овој лек ако сте бремена, планирате да забремените или ако доите.

Аспирин протект 100 мг може да има неповолни ефекти на бременоста и развојот на нероденото дете. Аспирин протект 100 мг не смее да се зема во третото тримесечје од бременоста. Ве молиме консултирајте го вашиот доктор ако употебувате Аспирин протект 100 мг во првите шест месеци од бременоста. Тој ќе одлучи дали земањето на овој лек е соодветно за вас.

Аспирин протект 100 мг во мали количини поминува низ мајчиното млеко. Ве молиме консултирајте го вашиот доктор за употребата на Аспирин протект 100 мг за време на доењето, тој ќe го земе во предвид ризикот и користа од третманот со ацетилсалицилна киселина.

Влијание на способноста за возење и ракување со машини:

Аспирин протект 100 мг нема ефект на способноста за возење и ракување со машини.

Kако се употребува Аспирин протект 100 мг?

Строго придржувајте се кон упатствата на докторот, кога го земате овој лек. Ако не сте сигурни, консултирајте го вашиот доктор или фармацевт.

Гастро-резистентните таблети најдобро е да се земат пред оброк со многу течност.

Деца:

Ефикасноста на Аспирин протект 100 мг не е докажана кај деца помали од 18 години, затоа лекот не се препорачува за употреба кај деца под 18 години.

Ако добиете било какви несакани ефекти, разговарајте со Вашиот лекар. Ова ги вклучува и сите можни несакани ефекти што не се наведени во упатството. Како и сите лекови и Аспирин протект 100 мг може да има несакани дејства, што не се појавуваат кај сите пациенти.

Лекот чувајте  го на места недостапни за деца!

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се