GSK Волтарен емулгел 1%, 50 г

GSK Волтарен емулгел 1%, 50 г
369,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
000585C
favorite_border

Опис на производот

Волтарен емулгел е наменет за ослободување од болка и намалување на воспаление и оток, при болни состојби кои ги зафаќаат зглобовите и мускулите.

Волтарен емулгел се употребува за третман на:

  • Повреди на мускули и зглобови (прекумерно свиткување, истегнување, болки во грбот, спортски повреди)
  • Остеоартритис

Пакување: 50 г

Содржина

Состав: активна супстанца е диклофенак диетиламин, 1г гел содржи 11,6 мг диклофенак диетиламин.

Помошни супстанции: карбомер, макрогол цетостеарил етер, кокоил каприлокапрат, диетиламин, изопропил алкохол, пропилен гликол, течен парафин, мирисна крема 45, прочистена вода.

Начин на употреба: внимателно истиснете мала количина гел од тубата, нанесете на кожата каде имате болка или оток 3 до 4 пати на ден, и нежно втријте. По нанесувањето може да почувствувате ефект на ладење.

Не нанесувајте од гелот на рани, посекотини или други површини каде кожата е оштетена.

Бременост и доење: Волтарен емулгел не смее да се употребува во последните 3 месеци од бременоста.

За време на доење може да се користи само по медицинска препорака.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се