PJ PHARMA Rinofast Flu Спреј за нос, 20 мл

Farmaimpresa Rinofast
PJ PHARMA Rinofast Flu Спреј за нос, 20 мл
429,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Шифра
055985C
favorite_border

Опис на производот

Farmaimpresa Rinofast Flu е изотоничен солен раствор.

  • Со контролирана pH со Н-ацетил цистеин и метил сулфонил метан (МСМ), наменет за секојдневна назална хигиена
  • Се користи при иритации предизвикани од различни агенси од надворешната средина кои настануваат како резултат на загадувањето
  • Помага во одржување на проодноста на носните патишта, ја намалува сувоста преку лесно хидрирање на слузокожата
  • Помага во регулирање на носната секреција по ринореа и превенира од создавање на бактериски биофилм
  • Производот не е наменет за деца под 3 годишна возраст

Пакување: 20 мл.

Производител: Gruppo Farmaimpresa srl Via Cipro 1-25124 Brescia Италија. 

Содржина

Состав: вода, натриум хлорид, Н-ацетил цистеин, метил сулфонил метан (МСМ), натриум бикарбонат, натриум аскорбил фосфат, динатриумова сол на етиленедиаминететраацетична киселина, калиум сорбат, натриум бензоат, арома. 

Употреба: По 2-3 прскања во секоја ноздра, 3-4 пати на ден или почесто во зависност од потребите.

Нaчин на употреба:

1) Отстранете го заштитното капаче од распрскувачот
2) Држете го шишето и главата вертикално, нежно поставете го апликаторот на влезот на ноздрата
3) Притиснете со два прста на основата на распрскувачот
4) Повторете ја постапката за другата ноздра
5) Исчистете го распрскувачот
6) Вратете го заштитното капаче на распрскувачот

Предупредување:
Да се чува на места недостапни за деца. Во одредени случаи може да дојде до лесна и транзиторна локална иритација. Избегнувајте контакт со очи. Истовремена употреба од страна на повеќе лица може да доведе до пренесување на инфекцијата. Да не се користи во случаи на тековно и до неодамнешно крварење од носот. Производот не е наменет за деца под 3 годишна возраст. 

Да се чува на места заштитени од сончева светлина и извори на топлина, на температура од 5-25°С. Да не се користи по истек на рокот на употреба наведен на пакувањето. Да не се користи ако пакувањето е оштетено. Рокот на употреба се однесува на неотворен и соодветно чуван производ. 

Немојте да го користите производот во случај ако се пречувствителни на било која состојка во неговиот состав. 
Долготрајна употреба може да доведе до појава на феномен на пречувствителност: ако дојде до тоа, прекинете го третманот и консултирајте се со вашиот лекар за да ви даде соодветна терапија. Ако дојде до појава на било какви несакани дејства кои не се опишани во ова упатство ве молиме да го контактирате вашиот лекар или фармацевт.  

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се