VIATRIS Дона (глукозамин сулфат) 1500 мг прашок, 20 кесички

Viatris DONA 1500 mg
VIATRIS Дона (глукозамин сулфат) 1500 мг прашок, 20 кесички
1.089,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
023719C
favorite_border

Опис на производот

Viatris DONA е прашок за перорален раствор.

  • Содржи глукозамин сулфат кој припаѓа на групата нестероидни антивоспалителни и антиревмтски лекови. Дона се користи за третирање на симптоми на остеоартритис, т.е. болка ограничување на функцијата.

Пакување: 20 кесички.

Содржина

Состав: 1 кесичка содржи 1884 мг активна супстанца глукозамин сулфат натриум хлорид (еквивалентно на глукозамин сулфат 1500 мг и натриум хлорид 384 мг). 

Глукозамин сулфат натриум хлорид е новото име за глукозамин сулфат во кристали.

Помошни состојки: аспартам (Е951), макрогол 4000, анхидридна циклична киселина (Е330) и сорбитол (Е420).

Употреба: содржината од една кесичка претставува дневна доза (1500 мг глукозамин сулфат), се препорачува да се зема со оброк. Содржината на кесичката се раствора во чаша вода или пијалок. Лекот е наменет само за возрасни. Глукозаминот не е наменет за третирање на акутни симптоми проследени со болка. Олеснување на симптомите (особено намалување на болката) се очекува да се почувствуваат дури по неколку седмици од третманот, а некогаш и подолго. 

Предупредување: Не земајте Дона:

  • Ако сте алергични на глукозамин или на било која друга состојка на Дона
  • Ако страдате од генетско нарушување на метаболизмот (фенилкетонурија)
  • Ако сте алергични на школки, бидејќи глукозаминот е добиен од школки
  • Ако имате некоја друга состојба или болест, или примате други лекарства

Бременост и доење: Дона не треба да се зема за време на бременост и доење.

Начин на чување: чувајте на места недостапни за деца, на температура пониска од 25° C.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се