HEMOFARM Колдрекс ХотРем лимон, 10 кесички

Hemofarm Coldrex koldreks
HEMOFARM Колдрекс ХотРем лимон, 10 кесички
310,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
053865C
favorite_border

Опис на производот

Hemofarm Coldrex HotRem Lemon е наменет за ублажување на симптомите на настинка и грип.

  • Наменет е за возрасни и деца над 12 годишна возраст и постари.

Краткотрајно ги ублажува симптомите на настинка и грип како што се: главоболка, болка во грлото, треска, затнат нос и синуси (конгестија), болка во синуси и во мускули.

Лекот содржи 3 активни супстанции:

  • Парацетамол – припаѓа во групата на аналгетици (ја намалува болката) и антипиретици (ја намалува телесната температура кога имате треска)
  • Фенилефрин-хидрохлорид – е симпатомиметички деконгестив кој го прочистува затнатиот нос и синусите и го олеснува дишењето
  • Аскорбинска киселина – која е честа состојка на лековите кои се употребуваат за намалување на симптомите на грип и настинка. Помага да се надополни витаминот Ц, кој вообичаено се губи во почетните фази на грип и настинка

Пакување: 10 кесички.

Содржина

Состав:

Активни компоненти: во 1 кесичка
Фенилефрин-хидрохлорид  10 мг
Парацетамол 750 мг
Аскорбинска киселина 60 мг

Помошни состојки: сахароза, лимонска киселина (безводен раствор), сахарин-натриум, натриум цитрат, арома на лимон 52293/TP0551, арома на лимон тетраром P0551, кинолон жолта боја (Е104) и етицелулоза.

Дозирање: Вообичаена доза за возрасни (вклучително и постари), како и за деца над 12 годишна возраст и поголеми, изнесува една кесичка на секои 4 до 6 часа, по потреба.

Не смее да се употребува во интервали пократки од 4 часа.

Да не се земаат повеќе од 5 кесички во период од 24 часа.

Колдрекс ХотРем Лимон не смее да се дава на деца под 12-годишна возраст.

Начин на употреба: Лекот Колдрекс ХотРем Лимон треба да се зема како топол напиток.

  • Содржината на кесичката испразнете ја во шолја или чаша, додадете топла вода и добро измешајте
  • По потреба може да додадете и ладна вода
  • Може да додадете и шеќер, по желба

Мерки на претпазливост: Да не се надминува препорачаната доза. Секогаш да се користи најмалата доза за олеснување на симптомите. Никогаш не земајте двојна доза за да ја надоместите заборавената! Земете ја дозата веднаш штом се сетите. Не се препорачува употреба на лекот за време на бременост или доење без претходна консултација со доктор, бидејќи содржи фенилефрин. Фенилефрин може да се излачува во мајчиното млеко. Доколку сте бремена или доите, мислите дека сте бремена или планирате бременост, побарајте совет од Вашиот доктор или фармацевт пред да започнете со употреба на лекот Колдрекс ХотРем Лимон. Треба да се избегнува истовремена употреба на други лекови против настинка и грип, деконгестиви (лекови кои се користат за смалување на носната конгестија и затнатост), производи за смалување на апетит или психостимуланси на база на амфетамин, лекови кои содржат антихепертензиви и парацетамол. Земањето на парацетамол во доза поголема од препорачаната може да предизвика сериозно оштетување на црниот дроб. Лекот може да предизвика вртоглавица. Доколку почувствувате вртоглавица, немојте да возите, ниту да управувате со машини.

Лекот не смее да се користи, доколку:

  • Сте алергични (пречувствителни) на парацетамол, фенилефрин хидрохлорид, витамин Ц, или на некоја од другите состојки
  • Имате заболување на бубрезите или црниот дроб, зголемена активност на тироидната жлезда (хипертиреодизам), шеќерна болест, срцеви заболувања или зголемен крвен притисок
  • Имате феохромоцитом (тумор на надбубрежната жлезда) или глауком (зголемен очен притисок)
  • Земате трициклични антидепресиви (пр. имипрамин или амитриптилин), бета-блокатори (кои се употребуваат за третман на висок крвен притисок) или доколку земате или сте земале во полседните две недели лекови наречени инхибитори на моноаминоксидаза (МАО-инхибитори) (како што е моклобемид), кои лекарот ви ги препорачал за третман на депресија
  • При истовремена примена на други симпатомиметички деконгестиви

Советувајте се со Вашиот доктор или фармацевт доколку не сте сигурни дали нешто од наведеното се однесува на Вас. Советувајте се со својот лекар доколку не се чувствувате подобро или се чувствувате полошо по 2-3 дена.

Начин на чувањеДа се чува на температура до 25°С, во оригиналното пакување, заштитено од влага. Да се чува вон дофат на деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се