HOLLE 2 Органска последователна формула за доенчиња, по 6 месеци, од козјо млеко, 400 г

Holle Organic 2 Follow-on Goat Milk Organska posledovatelna formula za doencinja, po 6 meseci, od kozjo mleko
HOLLE 2 Органска последователна формула за доенчиња, по 6 месеци, од козјо млеко, 400 г
1.049,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048711C
favorite_border

Опис на производот

Holle Organic 2 Follow-on Goat Milk - Органска последователна формула за доенчиња од козјо млеко,

  • По 6 месеци
  • Сертифициран органски производ
  • Со Demeter квалитет
  • Со млеко од биодинамично производство
  • Козјото млеко природно содржи А2 протеин
  • Без палмино масло
  • Содржи витамин Ц и витамин Д кои придонесуваат за нормална функција на имунолошкиот систем
  • Содржи ДХА која придонесува за нормален развој на видот кај доенчињата
  • Содржи АЛА (омега-3 масна киселина) која придонесува за развој на мозокот и нервите
     

Важна напомена: Мајчиното млеко претставува најдобра прехрана за Вашето бебе.

Повеќе од 85 години, Holle одржува органски квалитет. Секогаш органско - поради вистински причини. Како прв производител на бебешка храна со Demeter квалитет Holle користи суровини од органско или биодинамичко земјоделство, без експлоатација на животните, почвата или животната средина преку фер партнерство со земјоделците. Holle приоритети се здрава и балансирана исхрана со употреба на едноставни и природни рецепти со сезонска разновидност. Сите состојки се предмет на строги контроли за да осигураат што поголема безбедност. Holle производите се посветени на благосостојбата на Вашето бебе. 

Пакување: 400 г

Содржина

Состојки: полномасно козјо млеко**1, лактоза*, полномасно козјо млеко во прав**1, растителни масла* (сончогледово масло*, масло од семе од репка*), малтодекстрин*, скроб*, калциум карбонат, масло од микроалга Schizochytrium sp.2, натриум цитрат, калциум цитрат, витамин Ц, Л-тирозин, калиумови соли од ортофосфорна киселина, Л-цистин, Л-триптофан, железо сулфат, цинк сулфат, магнезиум карбонат, пантотенска киселина, ниацин, бакар сулфат, витамин Е, витамин А, витамин Б1, витамин Б6, манган сулфат, фолна киселина, натриум селенит, витамин К, калиум јодит, биотин, витамин Д, витамин Б12.

*состојки од органско производство
** Demeter (од биодинамичко производство)

  • 1* - 100г прашок се направени од 324 мл полномасно млеко
  • 2* - содржи ДХА (согласно регулаторните барања за сите последователни формули за доенчиња)

Позитивниот ефект се постигнува со дневен внес од 100 мг ДХА. ДХА во овој производ е од растителна основа (добиен од алги наместо од рибино масло).

Изјава во однос на алергии: производот содржи млеко и лактоза. 

Нутритивни информации (на 100 мл готов производ): Енергетска вредност 287 кJ/ 68 kcal, масти 3.6 г (заситени 1.3 г,  мононезаситени 1.6 г, полинезаситени 0.7 г), линолна киселина 585 мг, алфа-линоленска киселина 46 мг, ДХА 14 мг, јаглени хидрати 7.7 г (шеќери 5.3 г, лактоза 5.2 г, скроб 0.5 г), белковини 1.4 г, витамин А 60.1 мкг РЕ, витамин Д 1.6 мкг, витамин Е 0.9 мг, витамин К 5.7 мкг, витамин Ц 7.0 мг, витамин Б1 0.039 мг, витамин Б2 0.11 мг, ниацин 0.36 мг, витамин Б6 0.031 мг, фолна 11.1 мкг, фолати 18.5 мкг РЕ, витамин Б12 0.11 мкг, биотин 2 мкг, пантотенска киселина 0.36 мг, калиум 88.2 мг, хлориди 64.3 мг, калциум 72 мг, фосфор 43.7 мг, магнезиум 5.94 мг, железо 0.59 мг, цинк 0.46 мг, бакар 0.057 мг, манган 0.0063 мг, флуориди <0.010 мг, селен 3.8 мкг, јод 14.2 мкг, натриум 24 мг.

Употреба:

  • Соодветно за посебна нутритивна употреба од страна на доенчињата после 6 месец до навршена 3 годишна возраст како дел од мешовита исхрана 
  • Може да се употребува после период на доење, по употреба на Holle 1 Органска почетната формула за доенчиња од козјо млеко или наместо било која друга последователна формула

Подготовка: Зовријте ја потребната количина на вода и потоа изладете ја на температура од 50˚C. Налејте во шишенцето околу половина од потребната вода. Водата треба да биде предходно зовриена и изладена. Посебно подготвувајте го секое шишенце. Наполнете ја мерната лажичка и поравмете со помош на нож. Секогаш користете ја мерната лажичка која се наоѓа во кутијата. Додадете ја потребната количина прашок на водата. Добро протресете. Додадете го остатокот на вода и повторно протресете. Оставете да се излади на температура од околу 37˚C пред употреба. 

  • Ве молиме точно да ги следите инструкциите за подготовка. Со дозирање на точни количини ќе му овозможите на Вашето бебе секогаш да ги добие хранливите состојки кои му се потребни
  • Секогаш користете ја приложената мерна лажичка
  • Немојте да ги менувате препораките за дозирање, освен ако така не ве советувал Вашиот лекар. Несоодветната подготовка и чување може да бидат штетни за здравјето
  • Секогаш подготвувајте свеж оброк. Не го користете остатокот од храна за следниот оброк
  • Поради опасност од прегревање храната не смее да се загрева во микро печка
  • Темелно исчистете го шишето, цуцлата и прстенот

Вообичаена подготовка:

13.5 г прашок + 90 мл зовриена вода = 100 мл готов оброк.

Едно пакување од Holle 2 Органска последователна формула за доенчиња од козјо млеко одговара на околу 30 готови оброци од по 100 мл.

Важна напомена

  • Мајчиното млеко претставува најприродна, најдобра прехрана за Вашето бебе. Преку доење Вашето бебе ги добива сите потребни корисни состојки и витамини. Производот може да се користи само по препорака на стручни лица од областа на медицината, фармацијата или исхраната
  • Holle 2 Органската последователна формула за доенчиња од козјо млеко е соодветно за посебна нутритивна употреба од страна на доенчињата после 6 месец како дел од мешовитата исхрана и не смее се користи во првите 6 месеци од животот како замена за мајчино млеко. Одлуката за отпочнување на “одбивање” – прекинување на доењето пред 6 месечна возраст треба да биде со помош и по совет на стручни лица од областа на исхраната и зависи од степенот на индивидуалниот развој и потребите на Вашето бебе
  • За да се заштитат забите од можна појава на кариес, не му го давајте шишето на бебето за смирување. Внимавајте на хигиената на устата на Вашето бебе посебно по појавата на првите запчиња. 

Да се чува заштитено од топлина. После отварање чувајте го пакувањето на суво место (не во фрижидер) и употребувајте го во тек на до 3 недели. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се