HOLLE Bio 1/A2 Органска почетна формула за доенчиња од раѓање (0-6 месеци), 400 г

Holle Organic 1 Infant Formula with A2 milk organska pocetna mlecna formula, mleko za bebinja
HOLLE Bio 1/A2 Органска почетна формула за доенчиња од раѓање (0-6 месеци), 400 г
701,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
053691C
favorite_border

Опис на производот

HOLLE Bio 1/A2 Organic Infant Formula - Органска почетна формула за доенчиња од раѓање (0-6 месеци)

  • Сертифициран органски производ
  • Со ДХА*
  • Само лактоза
  • Погодно за дополнување на исхраната со мајчиното млеко
  • Со А2 млеко

*согласно регулаторните барања за сите почетни формули

Важна напомена: Мајчиното млеко претставува најдобра прехрана за Вашето бебе. Holle A2 Organic Infant Formula 1 содржи специфична мешавина на протеин од сурутка и казеин. А2 млекото содржи А2 β-казеин протеин и се добива од специјални видови на крави

Повеќе од 85 години, Holle одржува органски квалитет. Секогаш органско – поради вистински причини. Сите состојки се предмет на строги контроли за да осигураат што поголема безбедност. Holle производите се посветени на благосостојбата на Вашето бебе.

Пакување: 400 г.

Содржина

Состојки: Обезмастено А2 млеко*1, сурутка во прав* (делумно деминерализирана), растителни масла* (палмино масло*3, масло од семе од репка*, сончогледово масло*), лактоза*, калциум карбонат, калиум хлорид, масло од микроалга Schizochytrium sp2., масло од Mortierella Alpina, холинхидрогентартрат, Л-тирозин, калциумови соли на ортофосфорна киселина, витамин Ц, Л-триптофан, натриум хлорид, железен сулфат, цинк сулфат, витамин Е, магнезиум карбонат, ниацин, бакар сулфат, пантотенска киселина, витамин А, тиамин, витамин Б6, манган сулфат, калиум јодит, фолна киселина, натриум селенит, витамин К, Витамин Д, биотин, витамин Б12.

*состојки од органско производство

1 100 г прашок се направени од 174 мл обезмастено млеко

2 содржи ДХА (согласно регулаторните барања за сите почетни формули за доенчиња)

3 од одржливо земјоделство

ДХА во овој производ е од растителнo потекло (добиено од алги, наместо од рибино масло)

Нутритивни информации (на 100 мл готов производ): eнергетска вредност  277 кJ/ 66kcal, масти 3.3 г (заситени 0.9 г,  мононезаситени 1.8 г, полинезаситени киселини 0.6 г, линолна киселина 533 мг, алфа линоленска киселина 53 мг, ДХА 15 мг, ARA 15 мг), јаглени хидрати 7.8 г (шеќери 7.8 г, лактоза 7.8 г), белковини 1.3 г,  витамин А 53.6 мкг, витамин Д 1.5 мкг, витамин Е 1.1 мг, витамин К 5.3 мкг, витамин Ц 5.9 мг, тиамин/витамин Б1 0.034 мг, рибофлавин / витамин Б2 0.17 мг, ниацин 0.34 мг, витамин Б6 0.033 мг, фолна киселина 9.89 мкг, фолати 16.5 мкг, витамин Б12 0.13 мкг,  биотин 1.6 мкг, пантотенска киселина 0.34 мг, калиум 80.4 мг, хлориди 49.8 мг, калциум 62.7 мг, фосфор 35.1 мг, магнезиум 5.28 мг, железо 0.53 мг, цинк 0.44 мг, бакар 0.053 мг, манган 0.0051 мг, флуориди <0.010 мг, селен 3.8 мкг, јод 12.5 мкг, натриум 23 мг, холин 22 мг, иноситол 4.9 мг, Л карнитин 2.1 мг.

Употреба:

  • Соодветно за употреба од денот на раѓање, како замена за доењето или за надополнување на доењето

  • После 6 месец препорачуваме употреба на Holle А2 Органска Последователна формула за доенчиња 2 во комбинација со Holle органски кашички

Подготовка:

Пред употреба, стерилизирајте го шишето, цуцлата и прстенот со вриење во вода во тек на 3-5 минути. Зовријте ја потребната количина на вода и оставете ја да се излади на температура од околу 50˚C. Налејте во шишенцето околу половина од потребната вода. Наполнете ја мерната лажичка, порамнете со помош на нож и додадете ја потребната количина прашок во водата. Добро протресете.  Додадете го остатокот на вода и повторно протресете. Оставете да се излади на температура од околу 37˚C, пред употреба.

  • Ве молиме точно да ги следите инструкциите за подготовка. Со дозирање на точни количини ќе му овозможите на Вашето бебе секогаш да ги добие хранливите состојки кои му се потребни
  • Секогаш користете ја приложената мерна лажичка
  • Немојте да ги менувате препораките за дозирање, освен ако така не ве советувал Вашиот лекар. Несоодветната подготовка и чување може да бидат штетни за здравјето
  • Секогаш подготвувајте свеж оброк. Не го користете остатокот од храна за следниот оброк
  • Поради опасност од прегревање храната не смее да се загрева во микро печка

Вообичаена подготовка:

13.2 г прашок + 90 мл зовриена вода = 100 мл готов оброк.

Пакувањето содржи околу 30 оброка од по 100 мл.

Важна напомена:

  • Мајчиното млеко претставува најприродна и најдобра прехрана за Вашето бебе. Преку доење Вашето бебе ги добива сите потребни корисни состојки и витамини. Производот може да се користи само по препорака на стручни лица од областа на медицината, фармацијата или исхраната.

  • За да се заштитат забите од можна појава на кариес, не му го давајте шишето на бебето за смирување. Внимавајте на хигиената на устата на Вашето бебе посебно по појавата на првите запчиња.

После отварање чувајте го пакувањето на суво место (не во фрижидер) и употребувајте го во тек на 3 недели. Пакувано во заштитена атмосфера. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се