NOW ДХА Омега-3 за деца, 60 меки капсули

NOW ДХА Омега-3 за деца, 60 меки капсули
1.226,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Атрибути
Шифра
047548C
favorite_border

Опис на производот

DHA Kids Chewable - Природниот концентрат на рибино масло кое се користи во оваа капсула е произведен под строги стандарди за контрола на квалитетот. Се тестира за да биде ослободен од потенцијално штетни нивоа на загадувачи (т.е. жива, тешки метали, PCB’s, диоксини и други загадувачи).

  • Поддршка на здравјето на мозокот
  • 100 мг ДХА
  • Меки капсули во форма на риба
  • Овошен вкус
  • Без ГМО

Пакување: 60 меки капсули

Омега-3 масните киселини се од големо значење за општото здравје на детето. Тие се меѓу најважните добри масти кои нашето тело ги бара, но не може да ги произведе самостојно и затоа мора да бидат дел од исхраната, но сé почесто и како додаток на исхраната. Омега-3 масните киселини се есенцијални масни киселини, што значи дека тие не можат да бидат синтетизирани од нашето тело.

Омега-3 се од суштинско значење за одгледување на деца за подобрување на нивното когнитивно и бихејвиорално функционирање. Доказите од експерименталните студии покажуваат дека овие нутриенти ги регулираат бихејвиоралните и неврохемиските аспекти кои се поврзани со нарушувањата на однесувањето (одговор на стрес, депресија и агресија, раст, меморија и когнитивните функции). Недостатокот на омега 3 ја нарушува функцијата на мозокот и ја отежнува состојбата кај дечињата со дефицит на внимание. Оптималниот внес на EПA и ДХА ги намалува проблемите во однесувањето и го подобрува капацитетот на мозокот.

Долговерижните полинезаситени масни киселини (PUFA) сочинуваат околу 15-30% од сувата тежина на мозочното ткиво. Тие се вклучени во градбата и функцијата на ЦНС. Структурата на мозокот ја сочинуваат масти и тоа главно фосфоглицериди и холестерол кои се богати со Арахидонска киселина и DHA. Студиите покажуваат дека DHA ја засега функцијата на крвно-мозочната бариера и флуидноста на невронската мембрана. Исто така го регулира системот на невроспроводливост како серотонинскиот, допаминергичниот, норадреналинскиот и ацветилхолинскиот систем. DHA има значителен ефект на невронската мембрана, нејзината динамика со што влијае и врз транспортерите, рецепторите и невротрансмитерските функции. Омега 3 масните киселини имаат одредена биохемија и физиолошки функции во метаболизмот на човекот и здравјето воопшто. За таа цел DHA е основен нутриент за детскиот раст и развој.

DHA е главна структурна маст во мозокот, нервните клетки и ретината на окото. Интересен факт е дека 60% од структурата на мозокот го чинат масти, а 25% од тие масти е DHA.

DHA чини 30% од структурните масти во сивата маса на мозокот. Во комплетната структура конечно оваа масна киселина достига до 97% од омега 3 мастите во мозокот и до 93% од омега 3 мастите во ретината.

Недостатокот на DHA во мозокот може да предизвика проблеми со размислувањето, учењето, когнитивното однесување и да придонесе за нарушување на дефицитот на вниманието и депресијата. Земањето на додатоци од рибино масло покажува подобрување за сите горенаведени состојби. Децата со АДХД обично имаат ниски нивоа на омега-3 масни киселини. Децата со АДХД, на кои им биле давани омега-3 додатоци во исхраната, покажале умерено подобрување на симптомите, вклучувајќи проблеми во обработката на емоциите и дружењето.

DHA и EPA во голема мера се наоѓаат во морските масла, како што се рибините масла од крил, скуша, туна и други видови морска храна. Во храната најважен извор на DHA е рибата и рибиното масло.

  • Зошто EPA и DHA се толку важни за активноста на мозокот?

Овие масни киселини се вклучени во составот на мембраните на нервните клетки. Затоа недостатокот на омега-3 масните киселини во клеточните мембрани ги нарушува нормалните функции на мозочните клетки. Истражувањата покажуваат дека EPA и DHA во мозочните клеточни мембрани директно влијаат на синтезата на невротрансмитерите, преносот на сигналот и активноста на некои клучни ензими.

Придобивките од редовното консумирање на Омега-3 масните киселини:

  • Поддржуваат детски когнитивен развој
  • подобра координација на рацете, социјални вештини и зголемена концентрација
  • подобар вид и функција на очите
  • Го подобрува читањето и  меморијата.

DHA има важна и повеќекратна улога кај децата, особено кај доенчињата и малите деца до 3 години. Мајчиното млеко е важен извор на DHA, но многу зависи од мајчиниот внес на омега-3 масни киселини.  50% од бремените жени не внесуваат доволно омега-3 масни киселини, и се препорачува суплементација во тек на бременост и доење. Препорачаниот внес на DHA во доенечка возраст изнесува 100 мг/ден. Зголемениот внес не претставува здравствен ризик.

Улогата на Омега-3 масните киселини:

  • Клучната улога е во градбата и функцијата на мозокот, како и формирањето на ретината
  • Подобрување на најголем дел од когнитивните функции
  • Развојот на видот, што овозможува подобра визуелна перцепција
  • Кардиоваскуларното здравје, подобрувајќи го крвниот притисок и вискозноста на крвта
  • Имуниот систем, заштитувајќи ги децата од алергии и астма во раното детство

Затоа соодветен внес на овие масни киселини треба да се обезбеди уште во бременоста, доењето и за време на детството.

  • Оптимален раст и развој на мозокот и нервниот систем. Оптималниот развој на мозокот и мозочната функција влијае врз способноста за учење, меморија и концентрирање.
  • Подобрување на однесувањето на децата со невролошки развојни нарушувања. Омега-3 суплементите може да ги намалат симптомите на АДХД. Така во една Јапонска студија испитувана е група на  деца од 6-12 години со АДХД, кај кои се давани поголеми дози на DHA (514 мг на ден) и EPA (100 мг на ден) во период од 2 месеци. Резултатите во таа студија покажуваат редукција на агресијата споредено со контролна група. Бројни студии докажуваат подобрување на вниманието кај овие деца, се намалува и хиперактивноста, импулсивноста и агресијата.
  • Подобри когнитивни достигнувања – почестото конзумирање на риба од 1-2  пати неделно асоцира со повисоки когнитивни достигнувања компарирано со оние кои јадат помалку од еднаш неделно риба.
  • Помалку настинки во текот на зимските месеци.
  • Корисни ефекти врз оптималното функционално созревање на ретината и визуелниот кортекс, DHA претставува 60-80% од сите полинезаситени киселини во структурата на ретинални фоторецептори, со улога во активирањето на родопсин и зголемување на визуелната острина.
  • Помал ризик за дијабетес тип 1 – хронична автоимуна болест со почеток во детството поврзана со абнормалности на метаболизмот на простагландин.
  • Развојот на здрави коски и заби е особено важен за активно и здраво дете.
  • Детето постојано е изложено на бактерии и вируси кога е во контакт со други деца. Добар имунолошки систем помага да се спротивстави на настинките и да остане здраво.

Содржина

  Количина во 1 доза: 2 капсули %  на дневни вредности за деца до 3 години %  на дневни вредностиза возрасни и деца од 4 години и повеќе
Калории 10 3% 1%
Вкупно масти    
Концентрат од природно рибино масло (BioPureDHA®) 1100мг    
Docosahexaenoic киселина (DHA) 200мг    
Eicosapentaenoic киселина (EPA) 48мг    

Други додатоци: мека капсула (говетски желатин, глицерин, вода, ксилитол, целулоза), природен овошен вкус и природни мешани токофероли.

Содржи риба (туна). Мешани токофероли од не-ГМО соја.

Препорака за употреба: За деца и возрасни, земете 2 меки капсули 1 до 2 пати на ден со храна, или како што е наведено од вашиот лекар.

Не е произведено со: квасец, пченица, глутен, млеко, јајца или состојки од школки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени.

Рибиното масло е од Исланд.

Без ГМО.

Предупредување: Консултирајте доктор доколку сте бремена или доилка, земате лекови или имате некаква медицинска состојба. Да се чува подалеку од дофат на деца! Пакетчето за свежина не е за јадење. Оставете го во шишенцето. Препорачаната дневна доза да не се надминува. Овој производ не е наменет за третман, превенција или лекување на специфична болест или состојба и не претставува замена за оброк. Чувајте го на ладно, суво место после отварање.

Природни варијации на бојата може да се случат кај овој производ.

Содржи ксилитол, кој е штетен за домашни миленичиња.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се