POLPHARMA Метафен 200 мг/325 мг 10 таблети
Опис на производот
Метафен содржи две активни супстанции како ибупрофен и парацетамол кои имаат аналгетско, антипиретично и антиинфламаторно дејство.
Се користи при:
- Главоболка
- Мигрена
- Болни менструации
- Забоболка
- Болка во мускули (мијалгија)
- Болка во коски и зглобови
- Болка во долниот дел на грбот
- Невралгија
- Треска
Метафен е наменет за возрасни и адолесценти над 12 годишна возраст.
Пакување: 10 таблети
Содржина
Состав: Секоја таблета содржи 200 мг ибупрофен и 325 мг парацетамол.
Употреба:
- Возрасни: единечна доза од 1 до 2 таблети која може да се земе до три пати во текот на денот, ако е потребно.
Не земајте повеќе од 6 таблети дневно!
- Адолесценти над 12 годишна возраст: единечна доза од 1 таблета. Оваа доза може да се земе до три пати дневно, ако е потребно.
Не земајте повеќе од 3 таблети дневно.
Пред употребата на лекот внимателно прочитајте го упатството!
За ризикот и несаканите дејства советувајте се со лекар или фармацевт.
Мислења на потрошувачи
Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се
/ Најави се