SINOMARIN Природен назален деконгестив мини спреј, 30 мл

SINOMARIN Природен назален деконгестив мини спреј, 30 мл
266,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
001796C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Идеален за деца над 1 година и возрасни

  • Ја ослободува назалната конгестија (затнатиот нос)
  • Чисти и одзатнува 

Единствен 2.3% NaCl хипертоничен раствор од морска вода кој што може да се употребува континуирано со месеци без притоа да се има било каков несакан ефект. Sinomarin® Mini Spray е 100% природен клинички докажан назален деконгестив (одзатнувач на нос). 

Нежна флип-флоп пумпица која не оксидира, безбедно затворена, дава можност за употреба на производот до неговиот рок на употреба.

100% природен, 100% безбеден, без лекови, презервативи или хемиски адитиви. Без несакани дејства и без контраиндикации. Безбеден за деца над 1 година, безбеден за користење за време на бременост и доење. Одличен степен на толеранција. Ја олеснува назалната конгестија (затнатиот нос) и притисокот во синусите преку природен пат на осмоза. Ја чисти темелно носната шуплина, елиминирајќи го акумулираниот слуз, алергени, инфективни агенси и други нечистотии. Го намалува воспалението на носната слузница и ја враќа нејзината природна функција. Генерално го подобрува квалитетот на живот преку ублажување на симптомите поврзани со назална конгестија (затнат нос), јадеж на носот, кивање, притисок, нарушување на спиење.

Се препорачува:

  • Во сите случаи на назална конгестија (затнат нос)
  • Настинка и грип
  • Синузитис (акутен, хроничен)
  • Ринитис (акутен, хроничен и алергичен)
  • Во случаи кога медикаметозните деконгестиви се контраиндицирани (на пр. бременост, доење, воспаление на тироидна жлезда, висок крвен притисок, дијабетис итн.)
  • За спречување на секундарни инфекции и компликации, отитис медиа (воспаление на средно уво)
  • Побрзо обновување и ограничување на компликациите после назален хируршки зафат
  • За секојдневна назална хигиена (во загадена средина)

Пакување: 30 мл

Содржина

Начин на употреба:

  • За возрасни, деца и бебиња постари од 6 месеци 1-3 впрскувања во секоја ноздра, 2-3 пати на ден

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се