SYNERGY 'Рскавица од ајкула 750 мг, 60 капсули
Опис на производот
Производот содржи прашок од 'рскавица од ајкула кој е богат со хондроитин сулфат и глукозаминогликани кои делуваат на обновување на 'рскавицата на зглобовите и ги модулираат имунолошките реакции.
Состојките од 'рскавицата од ајкула делуваат на изградбата и одржувањето на главните структурни елементи на 'рскавицата и на тој начин играат значајна улога во очувување на соодветна подвижност и неоштетеност на зглобовите, како и во нивната регенерација. Се препорачува кај артритис, остеоартритис, смалена подвижност на зглобовите, болки во зглобовите при мирување и при движење, кај спортисти и луѓе кои се изложени на зголемен физички напор, за заштита на зглобовите од повреди како и за нивно брзо опоравување.
Јаглените хидрати кои се наоѓаат во 'рскавицата од ајкула имаат имунорегулативно и антиинфламаторно дејство.
Пакување: 60 капсули
Содржина
Состав:
Една капсула содржи: 750 мг 'рскавица од ајкула во прав.
Неактивни состојки: желатин (со 12% вода), магнезиум стеарат и прочистена вода.
Употреба:
Возрасни: една капсула на ден со или после оброк, минимум 3 (три) месеци или по препорака од лекар и/или фармацевт.