ALVOGEN О.Р.С.Шумливи таблети со вкус на лимон, 12 парчиња

ALVOGEN О.Р.С.Шумливи таблети со вкус на лимон, 12 парчиња
330,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
021486C
favorite_border

Опис на производот

  • Алвоген О.Р.С. (орален рехидратационен раствор) шумливите таблети се комбинација на глукоза и минерали

Алвоген О.Р.С. (орален рехидратационен раствор) се користи за едноставно и ефикасно надоместување на течности и електролити, како и спречување на дехидратација при состојби предизвикани од прекумерен губиток на соли и вода од телото. Алвоген О.Р.С. се препорачува за употреба кај доенчиња, деца и возрасни.
 

Пакување:  12 шумливи таблети

Содржина

Состав: една шумлива таблета за 100 мл раствор

  1 шумлива таблета
Глукоза 1826 мг
Натриум хлорид 176 мг
Калиум хлорид 150 мг
Лимонска киселина 429 мг

Состојки: глукоза, лимонска киселина, натриум бикарбонат, полиетилен гликол, натриум хлорид, калиум хлорид, арома на лимон, аспартам, рибофлавин, колидон К25.

Дозирање

Возрасни и деца над 20 кг: 

Растворете 2 таблети во 200 мл вода. Испијте го растворот полека, со земање на мали голтки (голтка по голтка) на одредено време.

Доенчиња и деца до 10 кг: 

Растворете 1 таблета во 100 мл вода. Давајте му на бебето/детето мали голтки во кратки интервали (пример на неколку минути). Растворот може да се дава со мала лажичка или во шишенце (стерилизирано).

Дозата може да се повтори неколку пати во денот, во зависност од степенот на дехидратација.
Растворот треба да се употреби по припремата. На собна температура има стабилност 8 часа, а во фрижидер може да се чува најдолго до 24 часа.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се