COLDZYME ViruProtect Спреј против настинка, 7 мл

ViruProtect viruprotekt
COLDZYME ViruProtect Спреј против настинка, 7 мл
496,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Шифра
052365C
favorite_border

Опис на производот

ViruProtect е медицинско средство, спреј за уста против обична настинка. Лесен е за употреба и брзо дејствува. ViruProtect создава заштитна бариера против вирусите на настинка со обложување на мукозната мембрана во усната празнина. Облогата ги спречува вирусите на настинка, ги деактивира и не им дозволува понатaмошно ширење и размножување.

  • Да се користи при изложеност на вируси на настинка или при рана појава на симптоми на настинка
  • ViruProtect е погоден за возрасни и деца над 4 години

ViruProtect STADA се состои од две главни состојки, глицерол и трипсин од бакалар, кои заедно обезбедуваат ефикасна заштита која делува на три начина:

  • Блокира: Глицеролот создава осмотски активна транзитна бариера која ги заробува вирусите
  • Деактивира: Трипсинот ја инхибира можноста за врзување на вирусите, деактивирајќи ја нивната способност да ги инфицираат клетките
  • Заштитува: ViruProtect ја штити усната празнина и грлото

Пакување: 7 мл шише, пумпа, распрскувач и заштитно капаче.

Содржина

Состав на растворот: глицерол, вода, природен ензим - трипсин од бакалар, етанол (<1%), калциум хлорид, трометамол и ментол. Растворот не содржи шеќер, конзерванси, глутен или лактоза.

Употребува: Започнете со употреба на ViruProtect при можна изложеност на вируси на настинка или што е можно поскоро откако ќе забележите симптоми на обична настинка. Продолжете со користење на ViruProtect додека не се ублажат симптомите.

Како да се употребува: 

  1. Отворете ја устата и насочете го распрскувачот кон грлото
  2. Притиснете надолу на пумпицата и прскајте по 2 пати (1 доза) на секој втор час до 6 пати на ден за време кога сте изложени на вирус на настинка

Мерки на претпазливост: Да не се користи ViruProtect ако сте преосетливи/алергични на која било од состојките. Да не се користи за време на бременост и доење, бидејќи нема достапни клинички информации. Да не се користи по хируршка интервенција во уста и/или грло додека не зарасне раната, без консултација со лекар. Не вдишувајте при нанесувањето на спрејот бидејќи може да се појави иритација на дишните патишта, што резултира во кашлица и засипнатост. Да се чува подалеку од дофат на деца, за да се спречат несреќи со ситните делови од средството. Консултирајте се со лекар ако имате висока температура или ако симптомите ви се потешки од оние на обична настинка; тие би можеле да бидат резултат на нешто друго. За да се избегне ширење на болеста, производот треба да се користи исклучиво од страна на еден корисник.

Да се чува на температура до 25°C.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се