HOLLE 3 Органска последователна формула од кравјо млеко, за мали деца, од 10 месеци, 600 г

Holle Organic 3 follow on milk Organska posledovatelna formula od kravjo mleko, za mali deca, od 10 meseci
HOLLE 3 Органска последователна формула од кравјо млеко, за мали деца, од 10 месеци, 600 г
806,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048189C
favorite_border

Опис на производот

Holle Organic 3 Follow-on Milk - Органска последователна формула од кравјо млеко, за мали деца.

  • Од 10 месеци  
  • Сертифициран органски производ
  • Со Demeter-квалитет
  • Со ДХА
  • Со витамини А, Ц и Д кои придонесуваат за нормално функционирање на имунолошкоиот систем
  • Со АЛА (омега-3 масна киселина) придонесува за развој на мозокот и нервите
  • Од биодинамички произведено млеко

*согласно регулаторните барања за сите последователни формули

Важна напомена: Мајчиното млеко претставува најдобра прехрана за Вашето бебе.  

Повеќе од 85 години, Holle одржува органски квалитет. Секогаш органско - поради вистински причини. Како прв производител на бебешка храна со Demeter квалитет Holle  користи суровини од органско или биодинамичко земјоделство, без експлоатација на животните, почвата или животната средина преку фер партнерство со земјоделците. Holle приоритети се здрава и балансирана исхрана со употреба на едноставни и природни рецепти со сезонска разновидност. Сите состојки се предмет на строги контроли за да осигураат што поголема безбедност. Holle производите се посветени на благосостојбата на Вашето бебе. 
За HOLLE 3 Органската последователна формула се користи Demeter-сертифицирано млеко. Demeter фармите работат според биодинамички принципи, во склад со природата. На овој начин се гарантира висок квалитет на млечната формула.

Пакување: 600 г

 

Содржина

Состојки: обезмастено млеко**1, сурутка во прав* (делумно деминерализирана), растителни масла* (палмино масло*3, масло од семе од репка*, сончогледово масло*), малтодекстрин*, скроб*, калциум карбонат, калиум хлорид, масло од микроалга Schizochytrium sp.2, витамин Ц, калциумови соли на ортофосфорна киселина, Л-тирозин, калиум цитрат, натриум хлорид, Л-триптофан, железо сулфат, цинк сулфат, витамин Е, магнезиум карбонат, ниацин, бакар сулфат, пантонтенска киселина, витамин А, витамин Б1, витамин Б6, манган сулфат, калиум јодит, фолна киселина, витамин К, натриум селенат, витамин Д, биотин, витамин Б12.

*состојки од органско производство

**Demeter (од биодинамичко производство, вкупен demeter удел 68%)

  • 1* - 100 г прашок се направени од 181 мл обезмастено млеко
  • 2* - содржи ДХА (согласно регулаторните барања за сите последователни формули)
  • 3* - од одржливо земјоделство

ДХА придонесува за нормален развој на видот кај доенчињата. Позитивниот ефект се постигнува со дневен внес од 100 мг ДХА.

Информација за алергени: видете ги зборовите со bold.

Нутритивни информации (на 100 мл готов производ): eнергетска вредност 280 кJ/ 67 kcal, масти 3.5 г (заситени 1.0 г,  мононезаситени 1.9 г, полинезаситени 0.6 г, линолна 561 мг, алфа линоленска 56 мг, ДХА 14 мг), јаглени хидрати 7.5 г (шеќери 5.2 г, лактоза 5.0 г, скроб 0.8 г), белковини 1.4 г, витамин А 54.1 мкг, витамин Д 1.6 мкг /23%, витамин Е 1.2 мг, витамин К 6.5 мкг, витамин Ц 6.9 мг /15%, витамин Б1 0.038 мг, витамин Б2 0.13 мг, ниацин 0.36 мг, витамин Б6 0.037 мг, фолна 10.8 мкг, фолати 18.1 мкг, витамин Б12 0.11 мкг, биотин 1.7 мкг, пантотенска киселина 0.36 мг, калиум 86.2 мг, хлориди 51.3 мг, калциум 60.1 мг, фосфор 37.1 мг, магнезиум 5.28 мг, железо 0.58 мг, цинк 0.45 мг, бакар 0.053 мг, манган 0.0050 мг, флуориди <0.010 мг, селен 3.7 мкг, јод 14.5 мкг, натриум 25 мг.

Употреба:

  • Соодветно за посебна нутритивна употреба од страна на малите деца од 10 месец  до навршена 3 годишна возраст како дел од мешовита исхрана.
  • Може да се употребува по употреба на Holle 2 Органска последователна формула за доенчиња или наместо било која друга последователна формула
  • Holle 3 Органската последователна формула може да се користи и за подготовка на Holle органските кашички

Подготовка: Секогаш подготвувајте ја формулата со чисти и суви раце. Шишињата, цуцлите, прстените, капачињата, чашите, ножот и лажичката треба да бидат добро измиени. После миење, стерилизирајте ги со вриење 3-5 минути, пред употреба. До самата употреба чувајте ги шишињата и капачињата покриени. Зовријте ја потребната количина на вода и потоа изладете ја на температура од 50˚C. Налејте во шишенцето околу половина од потребната вода. Посебно подготвувајте го секое шишенце. 
Наполнете ја мерната лажичка и порамнете со помош на нож. Секогаш користете ја мерната лажичка која се наоѓа во кутијата. Додадете ја потребната количина прашок на водата. 
Добро протресете.  Додадете го остатокот на вода и повторно протресете. Оставете да се излади на температура од околу 37˚C пред употреба. 

  • Ве молиме точно да ги следите инструкциите за подготовка. Со дозирање на точни количини ќе му овозможите на Вашето бебе секогаш да ги добие хранливите состојки кои му се потребни
  • Секогаш користете ја приложената мерна лажичка
  • Немојте да ги менувате препораките за дозирање, освен ако така не ве советувал Вашиот лекар. Несоодветната подготовка и чување може да бидат штетни за здравјето
  • Секогаш подготвувајте свеж оброк. Не го користете остатокот од храна за следниот оброк
  • Поради опасност од прегревање храната не смее да се загрева во микро печка

Вообичаена подготовка:

13.2 г прашок + 90 мл зовриена вода = 100 мл готов оброк.

Едно пакување содржи приближно 45 оброци од по 100 мл.

Важна напомена

  • Мајчиното млеко претставува најприродна и најдобра прехрана за Вашето бебе. Преку доење Вашето бебе ги добива сите потребни корисни состојки и витамини. Производот може да се користи само по препорака на стручни лица од областа на медицината, фармацијата или исхраната
  • Holle 3 Органска последователна формула е соодветно за посебна нутритивна употреба од страна на малите деца почнувајќи од 10 месец па натаму, како дел од мешовитата исхрана и не смее да се користи во првите 6 месеци од животот како замена за мајчино млеко. Одлуката за прекинување на доењето пред 6 месечна возраст треба да биде со помош и по совет на стручни лица од областа на исхраната и зависи од степенот на индивидуалниот развој и потребите на Вашето бебе
  • За да се заштитат забите од можна појава на кариес, не му го давајте шишето на бебето за смирување. Внимавајте на хигиената на устата на Вашето бебе посебно по појавата на првите запчиња. 

После отварање чувајте го пакувањето на суво место (не во фрижидер) и употребувајте го во тек на 3 недели. Пакувано во заштитена атмосфера. 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се