HOLLE Органска интегрална каша од 4 житарки (6+ месеци), 250 г

Holle organic wholegrain cereal 4 Grain Oat, Spelt, Corn and Wheat bebeska kasa so 4 zitarki
HOLLE Органска интегрална каша од 4 житарки (6+ месеци), 250 г
182,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
055490C
favorite_border

Опис на производот

Holle Organic Wholegrain Cereal  4 - Grain Органска интегрална каша од 4 жита за бебиња.

  • Од 6 месеци
  • Органски сертифициран производ
  • Преработена храна на житна основа
  • Без додадени шеќери
  • Содржи природни шеќери
  • Не содржи млечни продукти
  • 78% интегрални зрна

Нето-тежина: 250 г.

Содржина

Состојки: интегрално овесно брашно** (35%), интегрално брашно од спелта*** 22%, пченкарно брашно** 22%, интегрално пченично брашно** (21%), тиамин (согласно ЕУ барањата).
**Demetar биодинамичко производство
***Вид на пченица

Нутритивни информации на 100 г производ: eнергетска вредност 1608 kJ/380 kcal, масти 3.7 г од кои - заситени 0.9 г,  јаглехидрати 71 г од кои шеќери* 1.3 г, влакна 8.4 г, протеини 12 г, сол <0.01 г, тиамин 1.1 мг. 
Нутритивени информации на порција**: eнергетска вредност 587 kJ/140 kcal, масти 4.9 г од кои - заситени 1.3 г, јаглехидрати 20 г од кои шеќери* 6.6 г, влакна 1.3 г, протеини 3.4 г, сол 0.01 г, тиамин 0.22 мг.

*содржи природно присутни шеќери
**пакувањето содржи околу 16 порции подготвени со Последователна формула 2

Подготовка: 

  1. Стоплете 120 мл млеко кое вообичаено му го давате на вашето бебе, на температура од околу 50°С
  2. Додадете 4 лажици (15 г) од кашата
  3. Добро промешајте, оставете смесата да отстои и да се излади на телесна температура (37°С) и сервирајте.

Важна напомена: Ве молиме во тек на подготовката на храната да се придржувате на упатството. За секој оброк подготвувајте свежа храна. Не го оставајте остатокот од храна за следниот оброк. Не ја загревајте храната во микро печка (ризик од изгореници). 
Придржувајте се кон балансирана исхрана и здрав начин на живот. Внимателно хранете го вашето бебе. Внимавајте на хигиената на забите на Вашето бебе, уште од појавата на првото запче. 

Да се чува на суво и ладно место. Кога ќе се отвори да се употреби во рок од 3 недели. 
Пакувано во заштитена атмосфера. 
Заради заштита на животната средина, рециклирајте го пакувањето.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се