NOVALAC AC Млечна формула (0-36 месеци), 400 г

NOVALAC AC Млечна формула (0-36 месеци), 400 г
710,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Атрибути
Шифра
052642C
favorite_border

Опис на производот

Novalac AC е храна, специјално прилагодена за да ги задоволи нутритивните потреби на доенчиња кои имаат болки во стомак, грчеви и надуеност поради интолеранција на лактоза.

Novalac AC млечната формула е прилагодена за доенчиња од раѓање до 36 месеци ако мајките не ги дојат. Novalac AC ги задоволува сите нутритивни потреби за доенчиња до 6 месеци, а за доенчиња постари од 6 месеци е дел од разновидната исхрана.

Novalac AC e единствена почетна млечна формула прилагодена за доенчиња со колики, со намалена содржина на лактоза која одговара на дигестивниот капацитет на тенкото црево со што се намалува создавањето на гасови и надуеност.

Novalac AC ги задоволува сите нутритивни потреби на доенчиња: збогатена e со железо, содржи оптимална количина на масти и протеини и ги обезбедува важните аминокиселини, минерали и витамини.

Novalac AC е дел од големата група на производи кои се прилагодени за доенчиња, со внимателно одбрани состојки и проверен квалитет.

Составот на млечните формули Novalac е во склад со европските стандарди за детската млечна храна и не содржи генетски модифицирани организми (ГМО), а не содржи ни глутен.

За кого е наменета Novalac AC?

  • Доенчиња кои често и неутешно плачат
  • Доенчиња кои имаат грчеви
  • Доенчиња од раѓање до 36 месеци

Пакување: 400 г

Содржина

Употреба

Вообичаено дозирање на млечната формула Novalac AС:

Возраст (месеци)

0-1

1-2

2-4

4-6

6-12

12-36

Број на оброци на ден

6–7

5

5

5

4

4

Број на мерици за подготвување на еден оброк

3

4

5

7

7

8

Количина на вода (мл)

90

120

150

210

210

240

До врв наполнета и израмнета мерица содржи 4,3 г млечна формула Novalac АC.
Една доза растворете во 30 мл вода.

*како дел од разновидната исхрана

ПРЕД ПОДГОТОВКА НА СЕКОЈ ОБРОК ИЗМИЈТЕ ГИ РАЦЕТЕ

  1. Шишенцето и капачето со цуцлата превријте ги во вода. Нека вријат барем 5 минути.

  2. Водата за припремање на оброкот превријте ја во покриен сад. Нека врие барем 5 минути.

  3. Водата во садот оладете ја до 40°C и ставете ја во шишенцето.

  4. Во шишето ставете го препорачаниот број на мерици млеко.

  5. Шишенцето затворете го и добро измешајте за прашакот потполно да се раствори.

  6. Подготвениот оброк оладете го да стане млак (37 °C) односно додека на кожата не осетите ни топло ни ладно.

Предупредување: Mајчиното млеко е најдобрата храна за доенчиња. Млечните формули се употребуваат само по препорака на стручно лице од областа на медицината, фармацијата, исхраната или друго стручно лице кое е одговорно за грижа на мајката и детето.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се